Почина глумецот Џери Стилер

Џери Стилер, познат американски глумец и комичар, почина на 92-годишна возраст во родниот Бруклин. Веста за смртта ја соопшти неговиот син Бен Стилер.

Џери е роден 1927 година во Њујорк. Тој е, можеби, најпознат по улогата на Артур Спунер во серијата „Кралот на Квинс“, како и ликот Френк Костанца во светски познатата „Сајнфилд“.

Со огромна тага, морам да ви соопштам дека мојот татко Џери Стилер почина од природна смрт. Беше прекрасен татко и дедо, и оддаден сопруг на Ан скоро 62 години. Многу ќе ни недостигаш. Те сакам, тато“, на Твитер напиша Бен Стилер, исто така познат комичар и глумец.