Почина хрватската фудбалска легенда Златко Цицо Крањчар

Во Загреб во понеделникот во 65-та година од животот по долготрајна борба со болеста почина Златко Цицo Крањчар, поранешен фудбалер на Динамо и селектор на хрватската репрезентација.

Според првичните информации, Крањчар пред десетина дена е промен во задарската болница поради проблеми со црниот дроб, а потоа бил префрлен во Загреб, каде што починал на клиничката билнициа,.

За загрепски Динамо одигра 261 натпревар а во сезоната 1981/1982 година ја освои титулата на тогашната Југославија. Играше и за винески Рапид, Санкт Полтен, и СВ Винерфилд каде во 1992 година ја заврши кариерата.

Селектор на хрватската фудбалска репрезентација беше од 2004 до 2006 година.