Почина и чичкото на бебето кое загина во сообраќајката кај Удово

Дваесет и четири годишниот Никола Маринковиќ од Србија кој пред четири дена беше тешко повреден во сообраќајната несреќа кај Демир Капија-Удово им подлегнал на повредите, соопштува „Курир“.

Никола починал вчера околу 14:30 часот во Ургентниот центар во Скопје, а неговото тело е предадено на обдукција.