Почина инженерот кој ги измисли командите „cut/copy & paste“

186

Американскиот информатички инженер Лоренс Теслер, изумител на командите „cut/copy & paste“, кои на многумина им го олеснија користењето на компјутерските програми за обработување текстови, починал во понеделникот на 75-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја објави технолошката компанија „Xerox“ во која Теслер извесно време работеше.

„Наредбите cut/copy & paste, find&replace и други ги измисли Лари Теслер, некогашен истражувач во компанијата. Вашиот работен ден е полесен благодаерејќи на неговите револуционерни идеи. Лари почина во понеделникот и Ве молиме да ни се придружите во оплакувањето на неговото заминување“, објавија од американски „Xerox“.

Теслер е роден 1945 година во Бронкс, дипломирал на универзитетот Стенфорд а се специјализирач за интеракција ,еѓу луѓето и комјутерите. Работел во „ Amazon“, „Apple“, „Yahoo“ и истражувачкиот центар на „Xerox“ по Пало Алтo.

На идејата за командата „cut/copy & paste“ (исечи, копирај и залепи) наводно дошол поттикнат од некогашната практика на обработување текстови со сечење на поедини делови и лепење на местата во текстот кои авторите, односно уредниците би ги оцениле за соодветени.

„Теслер е автор на командата ‘cut/copy & paste’’ а го обедини стручното знаење за компјутерите со контракултурната визија дека компјутерите би требало да бидат разбирливи за сите“, објави на Twitter Музејот на историјата на компјутерот во Силиконската долина.

Овие команди влегоа во широка примена, благодарејќи на „Apple“ кој во 1983 година ги вгради во софтверот на компјутерот „Lisa“ и на првиот „Macintosh“.

Теслер во 1980 година работел за „Apple“ каде од „Xerox“ го довел Стив Џобс. Во неговата компанијата мина 17 година, меѓу другото и на позицијата главен научник.

Подоцна Теслер основаше иновативна технолошка компанија за образование, а повремено работеше и на развој на технологии за подобрување на корисничкото искусвото за „Amazon“ и за „Yahoo“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.