Почина иранскиот пратеник заразен со коронавирусот

Почина иранскиот пратеник кој беше заразен од коронавирус, пренесува државна новинска агенција Мохамад Али Рамазани Дастак кој неодамна беше избран во иранскиот парламент, а позитивниот тест за коронавирус пристигнал пред неколку дена.

Четворица пратеници од иранскиот парламент имаат позитивно тестирање за новиот коронавирус, вклучувајќи го и претставникот за градот Ком, каде првпат беа откриени случаи во Иран.

Говорејќи во петокот, иранскиот министер за здравство рече дека властите очекуваат „наплив“ од инфекции во наредната седмица, врз основа на епидемиолошки набудувања на меѓународните и домашните трендови на заразата.

Бројот на инфекции со коронавирус во Иран за последните 24 часа се зголемил за повеќе од 200 лица, на 593 заболени, а бројот на починатите се искачи на 43, соопшти во саботата шефот на одделот за односи со јавноста при министерството за здравсво; Кијануш Џаханпур.

„Во текот на изминатиот ден откриени се 205 нови случаи на инфекција, од кои за жал девет лица починаат“, изјави Џаханпур пренесе телевизијата IRINN.

Додаде дека најмалку 123 лица заздравиле. Според состојбата од претходниот ден, од 19-ти феверуари во Иран имало 388 случаи на зараза со коронавирусот од кои 34 со смртен исход,