Почина клавијатуристот на „Бело Дугме“

Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело дугме“, како што дознава „Аваз“, починал во понеделникот вечерта во Сплит.

Неговиот близок пријател ја потврди тажната вест за босанските медиуми.

Тој почина во пресрет на неговиот 74-ти роденден на 6-ти декември.

Во последните месеци тој се бореше со тешка болест.

Со Бело дугме сними два албума „Кога би бил бело копче (дугме)“ и „Што би дал да си на моето место“ пред да замине во војска во 1976 година. Него во Дугме го замени Лаза Ристовски. Владо се врати во Бело дугме во 1978 година. Од 1978 до 1987 година со Дугмет објави пет албуми: „Битанга и принцеза“, „Да ја доживееш стотата“, „Приспивна за Радмила М.“, „Косовка девојка“ и „Плукни и запеј моја Југославијо “.

По турнејата на Дугме наречена „Плукни и запеј, моја Југославијо“, во 1987 година Правдиќ се повлече да работи со компјутери.