Почина легендарниот словенечки фудбалер Марко Елснер

Една од најголемите словенечки фудбалски легенди Марко Елснер почина денеска, еден месец откако наполни 60 години, после долга и тешка болест.

Елснер е словенечка легенда, кој имаше 14 настапи за поранешна Југославија и бронза од Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес, во составот во кој беше и македонската легенда Милко Ѓуровски. Елзнер е еден од најдобрите словенечки фудбалери, кој зпиша и два настапи за словенечката репрезентација.

Во кариерата играше за Слован, Олимпија, Ница, Адмира Вакер, а играше четири години и за белградска Црвена Звезда во периодот од 1983 до 1987 година заедно со Милко Ѓуровски (до 1986) и Бошко Ѓуровски.

Потекнува од фудбалско семејство, неговиот татко беше познат тренер. Неговиот син Лука исто така беше фудбалер, додека другиот син Рок и натаму е вклучен во овој спорт.

Како скијач дојдов во Црвена звезда, а заминав како крал!“ – се сеќаваат на зборовите на Елснер.

Овој одбранбен играч беше шампион на Југославија (1984) и победник на Купот на Југославија 12 месеци подоцна со Црвена звезда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.