Почина легендарниот југословенски фудбалер кој играше и за Вардар!

Тажна вест доаѓа од Србија, почина легендарниот срппски тренер Милан Живадиновиќ. Популарниот „Бард“ почина во 77 година од животот. Тој имаше мозочен удар на 4 јули, и оттогаш водеше голема битка за својот живот. За жал, на крајот, не успеа да победи.

Во својата богата кариера постигна многу и како фудбалер, бидејќи играше за Црвена Звезда, Челик Зеница, Вардар, Слобода од Ужице, Риека и Црвенка.

Сепак, тој остави многу поголема трага како тренер. Во неговата кариера која траеше речиси четири децении, неговите најголеми станици се Црвена звезда, која ја тренираше во раните 90-ти, и репрезентацијата на Југославија, чиј селектор беше во периодот од 1998 до 1999 година.

Тренерската кариера ја започна во 1974 година во Спартак Суботица, а потоа следеше голем број домашни клубови. Работеше во Напредак, Рад, Сутјеска, Будуќност, Раднички, Приштина, ОФК Белград и Обилиќ.

Тој исто така имаше богата странска кариера, главно во Азија и Африка, бидејќи работеше во Ирак, Гана, Кина, Саудиска Арабија, Кувајт …

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.