Почина легендарниот македонски пејач Ѓорѓи Желчески

Легендарниот македонски пејач на народна (и фолк) музика Ѓорѓи Желчески почина на 82 години, во својот дом во Белград, Србија. Тој е многу повеќе познат како дел од славниот дует со Кевсер Селимова (најпознати по нивната маестрална изведба на народните песни: “Елено, ќерко”, “Бело лице љубам јас”, “Врати ми се, љуби ме”, “Брала мома капини” итн…),неговата сопруга со која е многу години во брак, а кој зад себе има долга успешна 60-годишна естрадна кариера. Со Кевсер ја имаат ќерката Ана, а имаат и еден внук.

Беше еден од ретките со многу дипломи и многу професии: завршил средно медицинско училиште за санитарен техничар, а завршил и Вишо педагошко училиште, но никогаш не работел како наставник по хемија. Цел живот работел како многу успешен пејач пеејќи ги со својата Кети, како што нагалено си ја викаше, најубавите македонски песни на секаде низ Југославија и светот. Социјалните мрежи, обожавателите, колегите, неброено многу голем број на луѓе од целата поранешна Југославија со тага и солзи се простуваат од овој легендарен македонски пејач, кој и ако остана да живее во Белград, постојано доаѓаше или приватно или професионално во родната Македонија, во родниот Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.