Почина легендата сплитски Хајдук и на југословенскиот фудбал Петар Надовеза

Почина легендата на сплитски Хајдук и на југословенскиот фудбал Петар Надовеза на неполн месец пред својот 81. роденден.

Надовеза, која имаше прекар „сплитски Пеле“ во Хајдук беше играч, тренер, спортски директор и одговорен за младинската школа. За сплитските „Били“ одигра 460 меча и даде 296 голови во сите натпреварувања. Во сезоната 1970/71 ја освои шампионската титула во југословенското првенство, а по двапати го освојуваше купот и беше прв стрелец во лигата.

Повозрасните го паметат како човек со смисол за хумор, а се памети и неговата провокативна изјава дека во негово време за ривалот Динамо Загреб играле само фудбалери за кои немало место во Хајдук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.