Почина Маја Руиз-Пикасо, најстарата ќерка на славниот шпански сликар

Маја Руиз-Пикасо, најстарата ќерка на шпанскиот кубистички мајстор Пабло Пикасо, која беше прикажана во неколку негови слики, почина во вторникот на 87-годишна возраст, изјавила за AFP адвокатот Ришард Малка повикувајќи се на известување на семејството.

„Маја Руиз-Пикасо почина мирно утрово опкружена со своето семејство, на 87-годишна возраст“, ​​се вели во соопштението без дополнителни детали.

Марија де ла Консепсион Видмаер-Пикасо, со прекар Маја, е родена на 5-ти септември 1935 година во Франција, а дури во 2017 година доби државјанство на Шпанија. Таа беше најстарата ќерка на Пабло Пикасо и Мари-Тереза ​​Валтер, со којашто уметникот се запознал во 1927 година.

Доаѓањето на детето ќе го промени животот на сликарот кој почина во 1973 година и имаше четири деца. Во 1938 година, уметникот ѝ го посветил своето дело „Маја со кукла“, како и уште 13 дела во периодот меѓу јануари 1938 и октомври 1939 година.

До крајот на годинава во Националниот музеј на Пикасо во Париз се одржува изложба на дела од големот уметник посветена на врската со нејзиниот татко.

Руиз-Покасо посвети дел од својот живот на проучување и зачувување на наследството на нејзиниот татко.

Беше во брак со Пјер Видмаер и имаше три деца: Оливие, Ришар и Дијана. Дијана Видмаер Пикасо е историчар на уметност специјализирана за делата на нејзиниот дедо Пабло Пикасо.

Во 2017 година, париската глаерија „Gagosian“ ја претстави изложбата „Пикасо и Маја: Татко и ќерка“, курирана од Дијана Видмаер Пикасо. Тоа беше првата изложба посветена на портретите на Пикасо на неговата најстара ќерка.

Во 2023 година, Франција и Шпанија ќе ја прослават 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо со изложби на двете страни на Пиринеите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.