Почина Мајк Хоџис, режисерот на „Флаш Гордон“

Британскиот режисер Мајк Хоџис, познат како режисер на еден од првите филмови во кои беа екранизирани стрип-хероите „Фалш Гордон“ од 1980 година, почина во 90-та година од животот, објави неговиот продуцент.

Хоџис починал во саботата во својот дом во Дорсет, на југоистокот од Англија, соопшти во средата неговиот продуцент и близок пријател Мајк Каплан истовремено за британскиот дневен весник The Guardian и за американското списание за култура Thee Variety.

Работата на Хоџис главно беше насочена на познатите британски гангстерски и детективски филмови, а првиот голем филмски успех во светот го оствари со „Get Carter“ од 1971 година, со сер Мајкл Кејн во насловната ролја. Со Кејн го сними и филмот „Pulp“ од 1972 година со кој светски се прослави британскиот актер.

Филмот „Фалш Гордон“ е неговата филмска адаптација на истоимениот стрип во кој глумеа тогашните европски атрактивни филмски ѕвезди Орнела Мути и Макс фон Сидов.

Филмот чиј продуцент беше славниот Дино де Лаурентис кој речиси деценија го разгледувал проектот, беше едно од најраните високобуџетни остварувања за кои наменски беше направен музика од рок-бенд, односно од легендарната група Queen.

Хоџис е роден во Бристол, а пред филмската кариера работел како сметководител и две години служел на миноловец на Кралските поморски сили на северот на Англија. Подоцна велеше дека во тие работи бил сведок на „страшната сиромаштија“ којашто потоа во него поттикнала чувство на гнев кои го вклопил во филмот „Get Carter“.

Долгогодишниот негови пријател и актер Малколм МекДауел своевремено го нарече „единствена појава“ во британската кинематографија. Последниот филм трилер-дрмата „Само смртта може да нѐ запре“ (со оригинален наслов I’ll Sleep When I’m Dead) со Клив Овен и Шарлота Ремплинг го режираше во 2003 година.