Почина медицинска сестра од Охрид како последица од Covid-19

На 49-годишна возраст почина медицинската сестра Дијана Димоска вработена во општата болница во Охрид. Како што информираат од болницата Димоска ја изгубила битката со ковид-19.

-Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените, велат од болницата.

Димоска својот професионален ангажман го започнала во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсхијатриски оддел, а последните години била дел од тимот во одделението за интерни болести.