Почина млада англиска фудбалерка

Младата англиска фудбалерка Меди Кузак почина ненадејно на 27- годишна возраст, објави денеска Шефилд јунајтед, чиј дрес го носеше од 2019 година.

Кузак минатата сезона стана првата фудбалерка која запиша 100 настапи во историјата на женскиот прволигаш Шефилд јунајтед, а во клубот ја извршуваше и функцијата директор на маркетинг.

„Ова е трогателна вест за сите во клубот. Бепе исклучително популарна меѓу сите со кои беше во контакт. Нејзината уникатност и професионализам ќе ни недостасуваат на сите“, соопшти Шефилд јунајтед, не наведувајќи ги причините за смртта.

Поранешната англиска младинска репрезентативка во кариерата настапуваше и за Нотингем Форест, Астон Вила, Бирмингем и Лестер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.