Почина НБА играчот Фелтон Спенсер

Фелтон Спенсер, поранешен кошаркар на бројни НБА клубови, почина на 55-годишна возраст, а причината за смртта сѐ уште не е прецизирана.

Како шести избор на драфтот во 1990 година, играчот кој настапуваше на центарската позиција беше избран од Минесота, каде Спенсер остана до 1993 година. Потоа се пресели во Јута Џез, каде остана до 1996 година, а потоа играше за Орландо, Голден Стејт, Сан Антонио и Њујорк каде ја заврши својата играчка кариера во 2002 година.

Во 1991 година, Спенсер беше избран во втората најдобра петорка дебитанти во НБА лигата, а по својата играчка кариера работеше како помошник тренер на два универзитета во државата Луисвил. Инаку, кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, тој беше најдобар кошаркар на Универзитетот Луисвил, од каде потоа се пресели во НБА лигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.