Почина НБА-легендата Сем Џонс, со Бостон Селтикс освои десет титули

Легендарниот кошаркар на Бостон Селтикс, Сем Џонс, почина на 88-годишна возраст, објавуваат американските медиуми.

Џонс сите дванаесет години од кариерата ги мина токму во редовите на Селтикси, со кои освои десет титули, а имаше просек од 17,7 поени, 4,9 скока и 2,5 асистенции.

„Кога ќе се погледне сè што постигна, очигледно е дека тоа е голема загуба за оваа заедница“, изјави тренерот на Селтикс, Име Удока.

Дресот со број 24 на Џонс е повлечен и го ја краси „Т-Ди Гарден“ арената. Џонс покрај десетте титули, во својата кариера пет пати  учествуваше на Ол-стар натпреварот.