Почина новинарот Тачко Локвенец

Како последица на ковид-19, изутринава, на 79 годишна возраст почина еден од најреномираните македонски новинари, Тачко Локвенец. Локвенец работел за весникот „Нова Македонија“, Радио Прилеп, „Народен глас“, објавувал во „Остен“, а го издавал и својот весник „Порта”.

Посебен печат Локвенец оставил во весникот „Нова Македонија“ за која долги години работел како дописник од Прилеп, но честопати пишуваше и за теми од Македонија, Југославија и пошироко.

Автор е и на повеќе книги, „Вест и власт“, „Љубовни легенди од Прилепската чаршија”, „Судница лудница”, „Дабница”, „Ние сме тука”,„60 години од почетокот до денес”, „Љубовни легенди“, „Илинденски обелиск“ и други.