Почина оскаровецот Јиржи Менцел

Познатиот чешки филнмски и театарски режисер, оскаровецео Јиржи Менцел, почна во 82-та година од животот, објаво во неделага вечерта неговата сопруга Олга Менцелова на својата Facebook страница, но не е објавена причината за смртта.

Менцел се прослави својот прв долгометражен филм „Строго контролирани возови“ од 1966 година, кој освои Оскар во категоријата најдобар странски филм, а ова остварување го доби епитетот култен.

За Оскар беше во 1986 година номинирана и неговата филмска комедија „Село мое мало“, а бројни негови други филмови станаа класици за гледачите и режисерите и надвор од Чешка.

Во филмовите суптилно ги комбинираше хумористичниот поглед на светот и провокативните политички и социјални теми, и беше важен чинител на ткн Чешки нов брам. Како и другите режисери од неговата генерација, Менцел имаше приблеми со комунистичките власти.

Поради провокативност на неговата сатира „Чучулига на конец“ од 1969 година, забранета во тогашната Чехословачка до 1990 година, беше прикажана дури по падот на Берлинскиот ѕид. За овој филм, истата 1990-та ја доби наградата Златна мечка на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.

Другите негови познати филмови се „Злосторство во женското училиште“ од 1965 година, „Каприциозно лето“ од 1968-ма и „Му служев на англискиот крал“ од 2006 година.