17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Почина основачот на детскиот фестивал „Златно славејче“, Благоја Јордановски

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од највредните и најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25.02.1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во “ Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом “Карпош” и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи на 16.11. на гратските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.