Почина пејачката Шинед О’Конор

Почина ирската пејачка Шинед О’Конор, објави Дејли Мејл. Таа имаше 56 години.

Таа стана светска ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна песна на Принс Nothing Compares 2 U. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се This is the Day, Thank You For Hearing Me, This is a Rebel Song и многу други. Во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.

Шинид е родена во Даблин во 1966 година во проблематично семејство. Таа била едно од петте деца на Џек и Мари О’Конор, кои се разведоа кога пејачката имала само осум години. Музичарката подоцна тврдела дека нејзината мајка ја малтретирала додека била сè уште мала.

Во 2018 година, таа премина во ислам и изјави дека оваа религија е „светлината на нејзиниот живот“.

“Сакам гордо да објавам дека станав муслиманка. Тоа беше природен заклучок на моето интелигентно теолошко патување. Сите свети книги водат кон исламот. Ќе имам и ново име. Ќе се викам Шухада”, рекла музичарката, која уште во 1992 година јавно се изјасни против Ватикан кога ја искина сликата на папата Јован Павле Втори во Saturday Night Live.

Таа беше и политички активист, но нејзините ставови за религијата, правата на жените, војната и злоупотребата на деца често предизвикуваа контроверзии во Ирска и во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.