Почина Питер Салама, извршниот директор на СЗО

21

Австралиецот Питер Салама, извршен директор на Светската здравствена организација, почина на 51-годишна возраст, соопшти на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус.

„Длабоко сум затечен од изненадната смрт на мојот пријател и колега Питер Салама. Сочуство до семејството, колегите и пријателите на Питер”, напиша д-р Гебрејсус.

Салама, лекар-епидемиолог, кон СЗО се приклучи во 2016 година, пренесоа агенциите.

Пред тоа тој работел во Детскиот фонд на ОН, во „Лекари без граници“ и во „Concern Worldwide“, каде учествувал во мисии во повеќе африкански и азиски земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.