Почина планинарот паднат во провалијата под Титов Врв

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините од карпа на Шарпланина во реонот кај Титив Врв.

-Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото се уште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, информираат од Центар за управување со кризи.