Поранешниот аргентински претседател, кој во моментов беше сенатор во парламентот, почина на возраст од 90 години по долгогодишната борба со здравствените проблеми, објавија во неделата тамошните медиуми.
Во декември Менем бил итно хоспитализиран поради инфекција и оттогаш бил под постојан лекатски надзор.
Политички ветеран и правник, Карлос Менем, беше пртседател во периодот од 1989 до 1999 година, а од 2005 година, поранешниот шеф на државата беше член на Сенатот на аргентинскиот парламент.
За некои активности во текот на претседателствувањето Менем неколкупати беше изведуван пред судот. Во 2013 година поранешниот аргентински претседател беше осуден на седум години затвор за вмешаност во нелегална продажба на оружје. Во 2015-та Менем беше осуден на четири ипол години затвор поради проневера, а во 2019-та на три години и девет месеци затвор за прекршоци при продажба на државен имот.
Менем до крајот на животот остана на слобода, бидејќи не беа исцпрени сите можности за жалби по неговите дела.
Животен пат
Син на адвокат, сириски емигранти во провинцијата Ла Риоха, 1.200 од километри западно од аргентинската престолнина Буенос Аирес, Менем политички се активирал во перонистичката партија во 1950-те и 1960-те години и го посети основачот на партијата генералот Хуан Перон кој емигрираше во Шпанија во 1964 година.
Бил на должноста гувернер Ла Риоха од 1973 до 1976 година. По воениот пуч од 1976 година, Менем е уапсен и затворен на пет години, кој ги посветил на планирањето на кандидатурата за претседател. По пуштањето на слобнода уште двапати бил избран за гувернер.
Како харизматичен говорник кој обижува одерни костуми од свила и платно, Мене се гледал како наследник на својот политички ментор Перон, кој почина во 1974 година по враќањето од прогонот.
Менем во текот на својот претседателски мандат Аргентина ја донесе до економски развој, но неговото претседателствување во периодот од 1989 до 1999 година пропадна под товарот на корупциските скандали и мина години осмислувајќи го своето враќање. Беше познат и по турбулентниот приватен живот.
Со своите „црна грива и сиви залистоци“, Менем во текот на периодот кога беше на врвот од моќта во својата резиденција го прими легендарниот британски бренд Rolling Stones, а Аргентина ја стави на меѓународната сцена, испраќајќи воени трупи во Залевската војна и во војната во Босна и Херцеговина.
Победи на реизборот откко на почетотоко од 1990-те ги приватизираше проблематичните државни претпријатија во масовната трансформација на аргентинските институции, кога и се случи економскиот процут на Аргентина. Меѓутоа, тоа ги засенија обвинувањата за корупција и илегално продавање на орижје.
Осуден е за шверц на оружје во Хрватска
Судот во Аргентина во јуни 2017 година ја потврди пресудата од 2013 година со која Менем беше осуден на седум ипол години затвор поради предажба на оружје на Хрватска и на Еквадор во периодот од 1991 до 1995 година, во времето додека двете земји се наоѓаа под меѓународно ембарго на увоз на оружје.
Осуден е за извоз на 6.500 тони оружје во Хрватска во војната за независност во поранешна Југославија за што е и одликуван во оваа земја каде оружјето стасало во седум пратки до 1995-та, и Еквадор кој беше во војна со Перу околу границата. Менем на судењето тврдеше дека е невин и дека бил убеден дека автоматските пушки, протевтенковски проектили и муниција одат за Панама и Венецуела.
Меѓута, сенаторската позиција му овозможи на Менем имунитет од затворот, а имајќи ја предвид и неговата возраст доби можност да добие домашен притвор.