Почина познатиот македонски режисер Богдан Поп Ѓорчев.

112

Вчера почина познатиот македонски телевизиски и театарски режисер Богдан Поп Ѓорчев.

Негов најпознат ТВ проект е ТВ серијата „Трст виа Скопје“. Поп Ѓорчев беше и сценарист и режисер на оваа телевизиска серија во продукција на Македонската телевизија.

Режисер е на играните филмови „Поштар“, „Јагне на ражен“ и „Исчекување“ и на сериите „Случки од животот“ и „Еурека“.

Роден е 1956 година, а дипломирал на Академијата за филм во Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.