Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент, италијанскиот социјалдемократ Давид Сасоли, почина ноќта од понеделникот кон вторникот, во 65 година од животот, објави неговиот портпарол.

„Давид Сасоли почина на 11-ти јануари во 1,15 во CRO (оноколшкиот референтен центар) во Авиано, Италија (северно од Венеција), каде што беше хоспитализиран (од крајот на декември)…“, објави на Twitter Роберто Куиљо, портпаролот на Сасоли.

Во понеделникот попладнето, портпаролот објави хоспитализација на претседател Европскиот парламент, од крајот на декември „поради сериозни компликации од дисфункција на имунолошкиот систем, како и дека се откажуваат официјалните активности на Сасоли.

Сасли во минатото боледувал од леукемија, а есенва беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови поради што неколку седмици беше оддалечен од парламентот.

Поранешен новинар, презентер на телевизиски вести во Италија пред да се сврти кон политиката, Давид Сасоли беше на чело на парламентот во Стразбур од 2019 година. Мандатот му заврши овој месец, според договорот, на половината од мандатот од петкодишното законодавно тело. Изборите за негов наследни се закажани на 18-ти јануари.

Неговата парламентарна група, Социјалдемократите (S&D), која е втората политичка групација во Европскиот парламент, се откажа од истакнување свој кандидат, отворајќи пат за избор на кандидаткана на конзервативците од Европската народна парија (EPP), сегашната прва потпретседателка на парламентот Роберта Метсола од Малта.

Сасоли е роден во Фиренца на 30-ти мај 1956 година. Својата новинарска кариера ја започна во редакцијата на римскиот весник Il Tempo, а потоа работел за католичката новинска агенција Asca и за весникот Il Giorno. Во 1992 година минува во италијанскиот јавен телевизиски сервис RAI како репортер во централниот весник, а од 1996-та е водител на неколку популарни телевизиски прогреми. Во 2007 година станува заменик на главниот уредни на информативната редакција на периот канал на RAI – Тg1.

На големата политичка сцена Сасоли влегува во летото 2009 година, кога беше избран за пратеник во Европскиот парламент на левоцентристичката италијанска Демократска партија (PD). Повторно беше избран во Европарламентот во 2014 година, и следните пет години беше заменик претседател. На изборите во мај 2019 година по третпат стана европратеники, а од 3-ти јули истаката година и челник на Европскиот парламент,