Почина продуцентот на анимираните серии ‘Симпсонови’ и ‘Рик и Морти’

Продуцентот на гледаните американски анимирани серии „Симпсонови“ и „Рик и Морти“, Џоел Мајкл Мендел почина на возраст од 54 години, пренесува Hollywood Reporter цитирајќи на неговата сопруга Џуел Бестроп.

Како што кажала, Мендел починал од „природни причини“ во неделата вечерта во нивниот дом во Студио Сити.

„Не знам што ќе правам без твојата близина Мајк. Јас сум уништен“, напиша на Twitter коавторот на серијата „Рик и Морти“, Џастин Ројленд.

За својата работи на серијалите „Симпсонови“ и „Рик и Морти“, Мендел доби три признанија „Еми“, во 1995, 1997 и 1998 година. Потоа ја започна заедничката работа со Ројледн на „Рик и Морти“ на телевизискиот канал  Cartoon Network Adult Swim од 2013 до 2017 година. Четвртата награда „Еми“ ја добо во 2018 година.