Почина професор доктор Ана Каламарас

По краткотрајно боледување на 90 годишна возраст почина професор доктор Ана Каламарас, долгогодишен почитуван професор, директор и шеф на Катедра на Институтот за хистологија и ембриологија при Медицинскиот факултет во Скопје, воедно професор и на Стоматолошкиот факултетет во Скопје и професор, основач и шеф на Катедрата по хистологија и ембриологија на Ветеринарниот Факултет во Скопје.

Погребот ќе се одржи на 31.08.2023 година на градските гробишта Бутел во 11 часот.