Почина професорката на ФЕИТ, д-р Анета Бучковска

Со голема тага ве известуваме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска, извести ФЕИТ (Feit Alumni Associatiolon).

Посмртните останки на починатата Бучковска ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел.

„Со неверување утрово ја слушнав тажната вест. Со мојата колешка Анета, не примија во ист ден на работа и знам колку вреден, траен белег остави на Електро и Феит. Сочувство до семејството, почивај во мир колешке…“, напиша на Фејсбук Јани Макрадули.

ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница за која ќе има дополнително известување.

Анета Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер Владо Бучковски.