Почина првиот пациент заболен од новиот коронавирус во Кина

Во кинескиот град Вухан, во централната провинција Хубеи, почина првиот заболен од новиот тип на коронавирусот, уште 40 пациенти се хоспитализирани, а неколку стотици се под медицински надзор, соопштија од градскиот комитет за здравство.

Кон крајот на декември локалните власти во Вухан известија за појава на пневмонија од непознато потекло во областа на градот, Подоцна на 5-ти јануари беа пријавени 59 случаи на појава на инфекција која предизвикува воспаление на белите дробови, а во четвртокот на 9-ти јануари, кинеските здравствени стручањаци прелиминарно утврдија дека педизвикувач на заболувањето е нов тип на коронавирус.

„Идентификувани се 41 случај на инфекција со првична дијагноза за нов тип коронавирус, од нив две лица веќе се отпуштени од болница, седум се во тешка состојба, едно почина, а состојбата на другите пациенти е стабилна“, се вели во соопштението од саботата.

Покрај тоа, во моментов 739 лциа, од нив 419 лекари и медицински персонал кои имале близок конакт со пациентите, се ставени под медицинска опсервација, а кај нив сѐ уште не се завележани симптоми на инфекција со вирусот.

Откако експертите го отркија причинителот за заболувањето – новиот тип коронавирус, веднаш го прилагодиле третманот на пациентите, а исто така и методите на наб1удување и дијагностицирање. Во петокот 10-ти јануари целосно се завршени истражувањата за патогенот со метоид на нуклеинска киселина.

Како што се наведува во соопштението, од 3-ти јануари не е регистриран нов случај. Во моментов струќњаците не идентификувале случај на инфекција кај медицинскиот персонал, како и јасни знаци дека боелста се пренесува од човек на човек. Претходно минатата седмица, кинеските власти соопштија дека епидемиолошката истрага открила оти некои од заболените работеле на локалниот пазар на морска храна или го посетиле во декември кгоа се разболел.

Корнавирусите се група од повеќе од 30 вируси, поделени во две потсемејства. Првпат лабораториски се изолирани во 1965 година. Ги напаѓа луѓето, домашѓните животни, како птици , свиљи, крупни рогести говеда. Коронавирусот предизвикува оштетивања на респираторниот систем, на гастроинтестиналниот тракт и нервниот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.