Почина режисерот на култниот филм „Полноќен експрес“, Алан Паркер

Прославениот британски режисер, сер Алан Паркер, кој сто зад филмовите „Полноќен експрест“, „Евита“ и „Мисисипи во пламен“, почина на 76-годишна возраст.

Како што пренесуваат во петокот медиумите, повикувајќи се на семејството и блиските на режисерот, причина за смртта е долго боледување.

Меѓу најпознатите дела на Паркер се драмите „Полноќен експрес“ и „Мисисипи во пламен“, за двата филма режисерот беше номинирар за Оскар. Во 1985 година неговито филм „Птичката, темелен на истоимиениот бестселер на Вилијам Вортон ја освои Гран при наградата на Канскиот филмски фестивал. Покрај тоа, во родната Британија, Паркер четири пати ја добиваше наградата на тамошната филмска академија BAFTA.

Режисерот честопати во својата работа се свртуваше кој музичката форма, како во дебитантскиот филлм од 1976 година „Багзи Малоун“, „Пинк Флојд: Ѕид“, „The Commitments“ (за истоимениот бенд).

Сир Алан Вилијам Паркер, доден во 1944 година во Лондон, почесната тутула витез (сер) ја доби во 2003 година.

Режисерот кој дебитираше во 1976 година со „Багзи Маоун“ ги режираше и „Ангелско срце“, „Пукај во Месечината“, „Евита“ „Пепелта на Анџела“, „Патот за Велвил“, а својот творечки опис го заокружи со „Животот на Дејвид Гејл“ во 2003 година.