Почина сенаторот Боб Дол

Поранешниот американски сенатор и претседателски кандидат Боб Дол (98) почина во неделата, објави неговата фондација на Твитер.

„За жал, известуваме дека утрово почина сенаторот Роберт Џозеф Дол“, се вели во соопштението на Фондацијата. „Тој верно им служеше на Соединетите Држави 79 години.

Долгогодишен републикански сенатор од Канзас беше претседателски кандидат на неговата партија во 1996 година, но не успеа против демократот Бил Клинтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.