Почина Ширли Темпл

Легендарната актерка Ширли Темпл починала во 85 година , соопштило денеска нејзиното семејство.

Најомиленото дете на Холивуд, „малата принцеза“, – Ширли Темпл, починала во понеделникот во 85 –тата година во Калифорнија.

Таа почна да се појавува на филм со само четири години во 1932  години, а три години подоццна веќе ја доби награда за најмлад талент.

Би можело да се рече дека Темпл беше прва вистинска детска ѕвезда. Беше дел од филмовите како „Bright Eyes“, „Stand up“…

По откажување од актерската кариера на само 22 години извршуваше хуманитарни и политички функции. Беше мажена двапати и има две деца.