Почина славната актерка Лиза Бејнс, не ја преживеа сообраќајната несреќа

Актерката Лиза Бејнс (65), ѕвездата на филмот „Исчезната“ им подлегна на повредите по сообраќајната несреќа што се случи на почетокот на овој месец.

Портпаролот на Бејнс ја потврди нејзината смрт.

Актерката ја удрил возач на електричен ромобил кој по несреќата побегнал од местото на настанот, а полицијата сѐ уште трага по него. Несреќата се случи на 4 јуни, а Лиза почина 10 дена подоцна, во понеделникот, пренесуваат американските медиуми.

Медиумите тогаш објавија дека таа тргнала да се види со својата сопруга Кетрин Кренхол и ја преминувала улицата кога ја удрил скутер.

По несреќата, Бејнс беше во критична состојба, сè додека не им подлегна на повредите во понеделникот.

Лиза Бејнс на пошироката јавност ѝ е позната по улогата во филмот „Исчезната“ со Бен Афлек и Розамунд Пајк, како и по соработката со Том Круз во филмот „Коктел“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.