Почина српскиот кошаркар Стеван Јеловац

Три седмици откако доживеа мозочен удар, 32-годишниот српски кошаркар и повремен репрезентативец Стеван Јеловац, почина во неделата, објави неговиот сегашен клун грчки АЕК.

Јеловац, кој играше на позицијата крилен центар, доживеа мозочен удар на 14-ти ноември на тренинг и од тогаш траеше борбата за неговиот живот.  Пред неколку дена, по барање на семејството, од Атина беше префрлен во Белгра, но лекувањето во татковината, за жал, не успеа,.

Јеловац пред доаѓањето во АЕК за кого го одигра последниот меч на 19-ти октомври , настапуваше за Визура, Мега, Црвена ѕвезда, Анталија, Лиетувос Ритас, Зарагоза, Нижни Новгород, Бросе Бамберг, Газиантеп, па и за јапонски Сен-ен Нео Феникс.

За репрезентацијата на Србија дебитираше на 28 години и му помогна на националниот тим да се пласира на Светското првенство во 2019 година.