Почина судијка на Врховниот суд на САД, следи голема битка за нејзин наследник

Судијката Рут Бадер Гинзберг, легендарна активистка за правата на жените и втората жена назначена во Врховниот суд на САД, почина во својот дом во Вашингтон на 87-годишна возраст по тешко боледување.

По нејзината смрт, само шест недели пред претседателските избори, веројатно ќе започне големата битка за избор на нејзин наследник.

Според медиумите, битката ќе се води околу тоа дали претседателот Доналд Трамп треба да назначи, а Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, ја потврдуваат нејзината замена или нејзината позиција треба да остане празна сè додека не се знае резултатот од претседателската трка.