13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Почина таткото на Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс ја потврди веста дека неговиот татко Вилијам Хенри Гејтс постариот починал на 95 годишна возраст. Таткото на еден од најбогатите луѓе во светот боледувал од Алцхајмерова болест.

Гејтс постариот починал мирно во својот дом опружен со семејството, објави Бил, додавајќи дека неговата мудрост, великодушност, емпатија и скромност имале големо влијание на луѓето ширум светот.

Тој додава дека правните совети од неговиот татко биле од клучна важност за со Пол Ален да ја основа „Мајкрософт“, а имал влијание и на Хауард Шулц во основањето на „Старбакс“ кој од мал старт-ап проекти стана глобален феномен.