Почина тон снимателот Варнава Андреески – Бакли

По кратко боледување, на 80 годишна возраст во Скопје, почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреески – Бакли. Андреески 43 години работен век ги помина токму во јавниот сервис непосредно до камерите на терен и во телевизиските студија.

Тој беше единствен жив сведок од техничкиот оддел на МРТВ кој ја формираше некогашната Тв Скопје по земјотресот. Десет години како тонец патувал посветот заедно со Тито во тогашната СФРЈ.

Работел на преносите на шест Олимпијади, потоа учествувал во речиси сите музички емисии на МРТВ, а работел и на филмската комедија „Мирно Лето“.

Погребот на Бакли ќе биде на утре (четврток).