Почина Јуан Лонгпинг – човекот кој помогна да се нахрани Кина

Реномираниот кинески научник Јуан Лонгпинг, познат по развојот на првите сорти хибриден ориз, починал во саботата на 90-годишна возраст, известија кинеските државни медиуми.

Кинескиот „татко на хибридниот ориз“ починал во болница во градот Чангши, во провинцијата Хунан. Агрономот роден во Пекинг во септември 1930 година се дожувува во татковината како кинески херој.

Неговите први хибридни посеви на оризот, развиени на почетокот од седумдесеттите години од минатиот век, биле потребни за да се нахрани петтина од населнието на само 9 отсто од кинеската обработлива површина.

Подоцна развил уште попродуктивни сорти кои повеќепати уриваа рекорди: од 10 тони принос по хектар во 2000 година до повеќе од 15 тони во 2014 година. Хибридниот ориз оттогаш се одгледува ширум светот и дава поголема прехранбена сигурност за многу земји.

Јуан се посветил на развојот на хибридниот ориз по големата глад во Кина во 1960-те години, а изјавата дека „претседателот Мао и не ја проучувал многу агрикуртулата“ го довела во проблеми со комунистичката партија кои сепак успешно ги препродил.

Добитник е на најпрестижните кинески одликувања и признанија, за придонес во прехренбената безбедност на земјата, за научниот развој на земјоделието и зголеменото глобално производство на храна. Јуан беше избран и за првиот носач на факелот на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.