Почина уште еден пациент во Велес позитивен на Ковид-19

Во болницата во Велес утринава починал маж на 81 година од Велес потврден позитивен на Ковид.

Како што информира портпаролката д-р Весна Неделковска Николова, во велешката Општа болница на три одделенија со ковид пациенти хоспитализирани се вкупно 76 пациенти од нив, 68 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца негативни. На Инфективно одделение има 48 пациенти, на Физикална 19 и на Интерно 9 пациенти.

Нa кислородна поддршка се наоѓаат 26 пациенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.