Почина Јужноафриканецот за кој се верува дека беше најстариот човек на светот

Јужноафриканецот Фреди Блом, за кој се верува дека беше најстариот човек на планетата починал на 116-годишна возраст, пренесува во неделата BBC.

Документите на Фреди Блом, кој ги преживеа пандемијата на шпанскиот грип, две светски војни и апартхејдот, покажуваат дека е роден во провинцијата Истерн Кејп во мај 1904 година, иако Гинисовата книга на рекордите никогаш не го регистрираше.

Иако одамна се откажал од алкохолот, и натаму останал страствен пушач. На тинејџерска возраст, во 1918 година, целото негово семејство биле жртви на шпанскиот грип. Потoа ги преживеал и двете светски војни и апартхејдот.

Во 2018 година во интервју за BBC, Блом рече дека не постои посебна тајна за долговечноста.

„Постои само една работа – тоа е човекот над (Господ). Тој ја има сета моќ. Јас немам ништо. Може да паднам во секој момент, но тој ме држи“, рече Блом.

Поголемиот дел од животот го минал како работник, во прво време на фарма, потоа во граджната индустрија, а се пензионирал кога веќе бил во 80-те години.

Семејството на Блом изјавило дека починал од природна смрт во саботата во Кејп Таун, и оти не веруваат дека неговата смрт е поврзана со Covdi-19.

„До пред само две седмици цепеше дрва. Беше силен човек, многу горд. Но само за неколку дена се собра од голем човек во мал“, изјавил за AFP, Андре Наидо кој го претставувал семејството на Блом.