Почина јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту

Англиканскиот надбискуп, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година и влијателен ветеран во борбата приотив апартхејдот, , Дезмонд Туту, почина на 90-годишна возраст, извести во неделата кабинетот на претседателот на Јужноафриканската Република.

Претседателот Сирил Рамафоса им изрази сочувство на вдовицата Леа Туту, на неговото семејство, на претставниците на Фондацијата на оставнината на Дезмонд и Леа Туту.

„Смртта на надбискупот Дезмонд Тути е уште едно тажно поглевје во простувањето на нашата нација со припадниците на генерацијата Јужноафриканци кои нѐ задолжија и ја ослободија Јужна Африка“, објави претседателот Рамафоса.

Туту починал во недеалта во Кејптаун, и беше последниот од досегашните јужноафрикански нобеловци. Во 1984-та ја доби Нобеловата награда за мир за неговиот ненасиле отпор на апртхејдот.

Деценија подоцна беше сведок на крајот на белечкото владеење, додека претседаваше со Комисијата за вистина и помирување воспоставена за да се откријат и објават злосторствата сторени во текот на тој мрачен период.

Туту и белите и црните Јужноафриканци го сметаа за свест на нацијата, што е траен доказ на неговата вера и друхот на помирување во расно поделената земја.

Кон крајот на 1990-те му беше дијагностициран рак на простата, а последните годни неколкупати беше хоспитализиран за закрепнување од инфекциите поврзани со постапката за лечење од ракот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.