21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Почина волонтер кој ја примил Оксфордската вакцина

Бразилскиот здравствен регулатор објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Други поединости за причините смртта на волонтерот.

Федералниот Универзитет во Сао Паоло ја потврди смртта на волонтерот во посебно соопштение, во кое се наведува дека станува збор за бразилски државјанин.

Во соопштението не се открива причината за смртта „од етички и доверливост“, ниту се даваат информации за тоа дали волонтерот добил плацебо или активен препарат.

 

Од „AstraZeneca“ соопштиле за бразилскиот медиумски центар G1, дека сѐ уште немаат официјален став за смртта на испитаникот и не ги коментираат ваквите информации.

Според Anvisa, меѓународниот комитет за процена на безбедноста на испитување на вакцини обезбедил делумни податоци од истрагата за инцидентот и предложил натамошно тестирање.

Бразилските медиуми, повикувајќи се на „извори поврзани со меѓународното истражување“ пренесуваат дека волонтерот кој почнал од компликациите предизвикани од Covid-19 добил плацебо.

Ситуацијата ја коментираат од Универзитетот Оксфорд. Портпаролот на универзитетот изјавил дека вакцината е безбедна, и оти нејзините испитувања ќе продолжат.

„По внимателно проучување на ова прашање во Бразил, немаше никаква загриженоста за безбедноста на клиничките испитувања. Независна истрага, покрај наодите на бразилскиот регулатор, препорача испитувањата да продолжат“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.