Почина затвореник од Ковид-19 во „Идризово“

Затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“ вчера починал од ковид-19  откако бил пренесен во болница. Тој имал 72- години и тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата, информира Управата за извршување на санкции.

– Починатиот затвореник се пожалил на потешкотии во дишењето, по што веднаш со специјално возило бил однесен во болница. Тој претходно не се пожалил на какви и да е други симтоми, но се работи за лице кое имало тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата. При приемот во болница, 72-годишникот бил тестиран за ковид-19, а тестот бил позитивен. За жал поради компликации тој починал, а телото е предадено на обдукција – информираат оттаму.

Од управата велат дека затворените и притворените лица редовно се тестираат и доколку е потребно се изолираат поради вирусот и дека се почитуваат сите здравствени протоколи.

Оттаму додаваат и дека затворот Идризово постојано има медицински персонал кој ја контролира здравствена состојба на сите лица во установата.