Почина затвореник во притворското одделение

Утрово во 04,30 часот во СВР Скопје, А.Ѓ. вработен во Затвор Скопје пријавил дека во притворско одделение бил пронајден починат А.Е.(47), од село Горна Бела Црква, ресенско.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.