Починаа 11 лица, 2.071 нов случај на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани 2.071 нов случај на ковид-19, 11 лица починаа како последица на коронавирусот, додека 1.450 пациенти се водат како оздавени.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на ковид-19 од Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28, Охрид, Берово и Валандово – по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш – по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар – по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6, Виница и Македонски Брод – по 3, Демир Капија и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево – по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево – по 14, Свети Николе – 12, Берово и Пробиштип – по 8, Струга и Крива Паланка – по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија – по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2, Делчево, Дебар и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица:  4 починати лица од Скопје (66, 70, 85 и 91), две лица од Велес (54, и 89) и по едно починато лице од Гевгелија (59), Струга (86) и Делчево (61). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84 и 88). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.

Направени се 6.010 тестови преку: ИЈЗ-520, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-270, Биотек-325, Систина-108, лабораторија Лаор-122, Синлаб-61, Ремедика-16, Плодност-111, Генеа-37, Никоб Лаб-658, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-68, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-51, Рапид Лаб–49, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.803.

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 114.231, активни 10.627, Куманово 14.168, активни 749, Прилеп 12.273, активни 930, Тетово 11.920, активни 397, Битола 11.769, активни 1.619, Гостивар 8.475, активни 292, Кавадарци 8.217, активни 492, Велес 8.024, активни 361, Охрид 7.614, активни 607, Штип 7.244, активни 305, Струмица 6.839, активни 419, Кичево 4.721, активни 299, Кочани 4.430, активни 228, Струга 4.211, активни 228, Гевгелија 3.435, активни 332, Неготино 2.918, активни 202, Свети Николе 2.310, активни 112, Ресен 2.184, активни 229, Крива Паланка 2.119, активни 116, Радовиш 2.093, активни 200, Делчево 1.651, активни 135, Берово 1.597, активни 98, Дебар 1.487, активни 21, Виница 1.235, активни 37, Валандово 1.251, активни 145, Пробиштип 1.223, активни 49, Кратово 852, активни 57, Крушево 792, активни 144, Богданци 791, активни 72, Демир Хисар 735, активни 70, Македонски Брод 604, активни 40, Македонска Каменица 473, активни 40, Демир Капија 464, активни 23, Пехчево 398, активни 26 и Дојран 199, активни 13.