Починаа 14 лица, 862 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти.
Можеби ќе ве интересира
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.