Починаа 15 лица, 536 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-213, Куманово-18,  Дебар-13, Штип-13, Прилеп-37, Тетово-30, Струга-23, Велес-17, Битола-29, Охрид-18, Кавадарци-23, Гостивар-13, Гевгелија-7, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-6, Кичево-2, Ресен-5 и Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50,  Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и Неготино-7.

Починати се 15 лица, шест пациенти од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62г), двајца од Куманово (66 и 64г), двајца од Тетово (68 и 75г), еден пациент од Охрид (64г), двајца од Струмица (69 и 69г), еден од Кочани (68г) и еден пациент од Пехчево (67г).  Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, бројката на оздравени пациенти е 61.447, на починати е 2.503, а бројот на активни случаи изнесува 19.379.
Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 35.961, активни 11.333, Куманово 4.743, активни 537, Дебар 630, активни 115, Штип 3.304, активни 243, Прилеп 4.231, активни 553, Тетово 4.765, активни 847, Струга 2.039, активни 322, Велес 2.767, активни 482, Битола 3.037, активни 546, Охрид 2.423, активни 576, Кавадарци 2.121, активни 543, Гостивар 3.381, активни 548, Гевгелија 1.166, активни 291 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 2.306, активни 604, Крива Паланка 625, активни 126, Радовиш 621, активни 111, Крушево 166, активни 73, Кочани 1.594, активни 216, Пробиштип 447, активни 44, Демир Хисар 235, активни 38, Македонски Брод 218, активни 26, Пехчево 155, активни 31, Берово 500, активни 52, Валандово 313, активни 62, Виница 445, активни 60, Делчево 671, активни 207 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 193, активни 17, Свети Николе 1.042, активни 100, Кичево 1.568, активни 219, Ресен 644, активни 140 и Неготино 1.018, активни 317 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1.662 теста се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-75,  Авицена-195, Биотек-140, МАНУ -108,  Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –24, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-4, Инфективна клиника-3, ГАК-12, Синлаб-23, Ремедика-9, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -584, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 400.825 тестирања на ковид -19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.