Починаа 6 лица, 302 новозаболени од ковид-19

Шест лица починаа, а 302 се заболени од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 35 реинфекции. Регистрирани сe 315 оздравени пациенти.

Направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19: Скопје – 158, Прилеп – 22, Велес – 20, Битола – 17, Куманово и Кавадарци по 11, Охрид – 10, Струмица – 9, Ресен – 8, Кочани и Кичево по 5, Штип и Неготино по 4, Гостивар и Радовиш по 3, Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица во болнички услови: две лица од Скопје (79 и 81) и по едно починато лице од Струмица (72), Струга (80) и од Битола (90).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно лице од Охрид (88), кој починал на 07.03.2022 во домашни услови. Сите шест починати биле со регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.182 тестови. Досега во земјата се дијагностицирани 301.016 лица, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.

Според епидемиолошки анализи во моментов во Скопје има 1.102 активни случаи.