Починал возач на комби на патот Делчево – Македонска Каменица

Возач на комби во шеесетитте години од живото починал на пат за болница откако му се слошило во текот на возењето, а потоа возилото кое застранило од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица предизвикало застој на сообраќајот.

Од Итната медицинска помош информираат дека се работи за лице на возраст над 50 години од општина Чешиново-Облешево.

„Добивме повик од возачи кои забележале дека му се слошило на возачот на комби. По укажаната лекарска интервенција, лицето е препратено во кочанската болница, каде добивме информација дека попатно починал“, информираа од делечевската Брза помош.

Од полицијата сѐ уште се очекуваат поединости за евентуални други причини за несреќниот случај.

Во моментот, сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица е нормализиран.