Починат маж пронајден во стан во Аеродром-Скопје

На 24.05.2023 во 00.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на подрачјето на Аеродром бил пронајден починат З.Ц.(62).

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.